Забавна и ефикасна апликација за учење на македонската азбука и пишување!
Апликацијата „Весела Азбука“ е идеален начин за децата да ја совладаат македонската азбука и да научат да пишуваат прости зборови. Преку интерактивни игри, децата ќе ги вежбаат основните вештини за читање и пишување. Апликацијата нуди различни едукативни активности, како што се: сложувалки со букви, игри со балони, пишување букви, составување на зборови (со 2 до 7 букви), игри на пронаоѓање и поврзување на букви и зборови.
Рано препознавање и именување на буквите од азбуката е клучно за развојот на читањето кај децата. Апликацијата им помага на децата да ги запаметат буквите и да ги комбинираат за да создадат свои први зборови, користејќи познати примери како што се имиња на животни, храна и предмети.
„Весела Азбука“ е наменета за деца од предучилишна возраст и прво одделение, како и за деца кои не посетуваат градинка, но сакаат да ги развијат своите вештини за читање и пишување.
За предлози и повратни информации за подобрување на апликацијата, посетете ја нашата веб-страница http://playmoood.mk/ или пишете ни на [email protected].
Tags : Educational